Во 29-тото коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза, имаше еден прогнозер кој доби подарок од Sport Life, ваучер од 500 денари, за погодени 11 парови викендов од основната понуда.
Игор П. беше одличен во типувањето и погоди 11 од 13-те парови. Погреши само кај Валенсија – Атлетико и Стразбур – Тулуз, дуели кои завршија со победи на гостинските екипи, а тој чекал реми во Валенсија и победа на домашните во Франција. Победата на Тулуз беше големо изененадување за големото мнозинство играчи, само 9,2 проценти од прогнозерите типуваа победа на гостите.
Игор имаше 11-ка, а никој не погоди 10 парови. Имаше 14-мина со деветки.
Продолжува борбата во генералниот пласман каде подароци ќе добијат најдобрите петмина на крајот од сезоната. Тука се наградува и упорноста, потребно е редовно да се игра и да не се испушти ниедно коло.

