Зверев: Синер е далеку пред сите во моментов, а има јаз и помеѓу првите четворица и останатите

Финалето на Мастерсот во Мадрид во кое Јаник Синер за помалку од еден час го растури Александер Зверев, го натера Германецот од немоќ да даде изјава со која многумна не се согласуваат.

Италијанецот стана првиот тенисер што некогаш освоил пет Мастерси по ред, па Германецот рече дека во моментов Синер е број 1 и тоа со голема разлика.

„Па… мислам дека во моментов има голема разлика помеѓу Синнер и сите други. Тешко е да се каже дека нема разлика помеѓу Синер и сите други ако не изгубил натпревар на колку Мастерс турнири? Од Шангај. Не изгубил натпревар речиси 9 месеци. Мислам дека мора да се признае дека има разлика помеѓу него и сите други. Мислам дека во моментов има два јаза во тенисот. Има голема разлика и помеѓу Алкараз, менеможеби Новак, и останатите“, рече Зверев.

Зверев е пред Србинот на АТП листата, но треба да се има предвид дека Новак не игра голем број турнири, а Зверев ништо не прави за да се доближи до првите двајца. Во дуелите против Италијанецот и Шпанецот, тој е секогаш инфериорен, па и против Ѓоковиќ редовно губи.

- Оглас -

Најнови вести