Ембид го изрешета кошот на Мајами, ноќеска има отворен пат за реприза

8181 Џоел Ембид (НБА, Филаделфија 76 – Мајами хит, 01 часот)

Центарот на 76-те го растури драстично ослабениот тим на Мајами пред две ноќи и постигна неверојатни 45 поени користејќи го отсуството на ѕвездите на ланскиот финалист во НБА-лигата.

Најавено е дека повторно Хит ќе играат со комбиниран тим, без Батлер, Адебајо, Драгиќ…, што е нова шанса за победа на Филаделфија и за Ембид да си набилда подобар просек на поени.

Џоел е еден од најдобрите центри во најсилната кошаркарска лига, а ноќеска ќе има отворен пат до нов ефект со 30 или повеќе поени.

Предлог тип: >26.5 поени (1.95) 

 

8329 Сан Антонио спарс – Хјустон рокитс (НБА, 01.30 часот)

На хаосот со пандемијата со ковид-19 во таборот на Хјустон сега се надоврза и мегатрампата на играчи во која Џејмс Харден си замина во клубот.

Кошаркарите што дојдоа кај Ракетите во замена за најдобриот играч нема да можат да настапат против Сан Антонио. Капак на проблемите за гостите е и повредата на коленото на Џон Вол, што драстично ги намалува шансите за успех ноќеска.

Кај Сан Антонио неизвесен е настапот на најголемата тимска ѕвезда Де Розан, но и без него Спарс можат да го победат ослабениот Хјустон.

Сан Антонио игра и многу подобро во последно време, има четири победи на последните пет меча и единицата, иако не е со голем коефициент, таа е речиси сосема извесна.

Предлог тип: 1 (1.45)

 

8476 Никола Јокиќ (НБА, Денвер нагетс – Голден стејт вориорс, 04 часот)

Интересно е тоа што во минатото Никола Јокиќ не блескаше против Голден стејт вориорс, ретко ја минуваше границата од 20 поени, но сезонава сепак приказната е поинаква.

Голден стејт нема тим за високи дострели откако со 3 титули и пет финалиња е најуспешниот тим во НБА-лигата за минатата декада.

И на центарската позиција имаат промена, па дебитантот Џејмс Вајсман ќе се обиде да го сопре најдобриот бел центар во НБА-лигата.

Јокиќ приредува чуда и сезонава и е најдобар асистент во лигата со 10,5 прецизни додавања, што е реткост за центар во најсилната кошаркарска лига.

Српскиот репрезентативец засега има трипл-дабл просек, што е уште еден чудесен подвиг, а со просек од 24,3 поени е 17-ти најдобар стрелец во НБА.

Ноќеска реално нема достоен ривал во битката под кошевите и ќе типуваме дека пак ќе блеска со ефект од над 25 поени.

Предлог тип: >24.5 поени (1.80)

 

8348 Њујорк ренџерс – Њујорк ајландерс (НХЛ, 01 часот)

Штета што ќе нема публика во легендарниот „Медисон сквер гарден“ за премиерниот меч за двата локални ривали во НХЛ-лигата.

Ајландерс имаа солиден настап во минатата скратена сезона поради ковид-19 и му пружија сериозен отпор на шампионот Тампа беј лајтнингс, но загубија со 2:4 во полуфиналната плејоф-серија во Источната конференција.

Тимот им е со малку измени, но имаат проблем бидејќи неизвесен е настапот на неколку хокеари.

Њујорк ренџерс испадна на стартот од плејофот со чисти 3:0 од Каролина, но повторно има амбиции и тим за настап во доигрувањето.

Тимот го предводат Панарин и Зибанеџад, двајцата играчи од топ-20 според бројот на поени во ланската сезона. Проблем за Ренџерс е голманската позиција и тука се најтенки, но ноќеска нема да загубат од големиот ривал.

Предлог тип: 1Х (1.55)

 

8366 Детроит редвингс – Каролина хурикејнс (НХЛ, 01.30 часот)

Детроит имаше многу слаба ланска сезона и убедливо најлош ефект само со 17 победи на 71 меч. Работите тешко се менуваат преку ноќ, па според прогнозите, некогаш славните Црвени крилја ги чека уште една тешка и неизвесна сезона.

Експертите не им даваат шанса за евентуален подвиг и пласман во плејофот, но во НХЛ никогаш не се знае, иако Детроит е послаб според квалитетот од ривалите во Источната конференција.

Каролина го има речиси истиот тим од лани што играше во доигрувањето за титулата, пак ќе ги предводи првата ѕвезда во тимот и најдобар стрелец Себастијан Ахо, па прогнозираме победнички старт на популарните Урагани од Каролина на стартот од новата сезона во НХЛ-лигата.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

- Оглас -

Најнови вести