Скромно полувреме за Македонија – Росландер ни е енигма, Финска води со 14:12

Македонија има негатива од два гола, 12:14 против Финска по првото полувреме на гостувањето во петтиот квалификациски меч за настап на ЕП, што е изненадување, но и реална слика на тоа што се случуваше на теренот во „Кокс арената“ во Рихимаки.

Почнавме добро со прв гол на мечот, но потоа само уште еднаш водевме со 6:5, па Финците беа порасположени за ракомет и домаќините имаат предност по првото полувреме.

Во две ситуации Финците имаа и по три гола предност, но, за среќа, сепак намаливме на 2 гола негатива и имаше шанси за пресврт во продоллжението на мечот.

Голманот Росландер со 11 одбрани беше нерешлива енигма за нашите репрезентативци во нападот, а, за среќа на Македонија, одлично бранеше и Томовски кај нас со 7 успешни интервенции.

- Оглас -

Најнови вести