Ханси Флик: Ние одлично ја завршивме работата, а кога ќе дојде моментот – ќе славиме

Тренерот Ханси Флик ја анализираше победата на Барселона од 1-2 на гостувањето кај Осасуна, резултат што може да се покаже како кoнечно клучен во трката за титулата. За сценариото да биде целосно во корист на каталонците, потребно е Реал Мадрид да киксне во дуелот со Еспањол.

Флик нагласи дека неговиот тим ја завршил својата задача, а славјето кога и да дојде, ќе биде во вистинскиот момент.

„Задоволен сум од тимот и од начинот на кој одигравме. Беше тежок натпревар, особено во првиот дел. Имавме контрола во првото полувреме, а во второто бевме уште поефикасни. На крајот добро се одбранивме. Де Јонг влезе поради жолтиот картон на Гави, а Рашфорд ни донесе дополнителна брзина“, истакна Флик.

Германскиот стратег додаде дека најважното веќе е направено.


„Нашата работа е завршена и тоа е клучното. Сега не зависи ништо од нас во натпреварот на Реал. Титулите се слават секогаш, без разлика дали веднаш или подоцна. Кога ќе дојде моментот – ќе славиме. Сега останува само да почекаме“, порача тренерот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести