На Брентфорд совршено му одговара баксузната тринаесетка, Серија А е остварлив сон за Николов и Жута

3011 Читадела – Монца (Серија Б плејоф, Италија, 18.30 часот)

Почнуваат полуфиналињата во плејофот за последниот билет што води во Серија А, а во двомечот меѓу Читадела и Монца, фаворит е тимот што го предводи Кристијан Броки.

Монца има неколку познати ѕвезди во тимот, предводени од Марио Балотели, а проектот во кој се вклучени големи имиња, како Силвио Берлускони, кој е сопственик на клубот, очекуваат пласман во Серија А.

Монца одмараше во првото коло од пелјофот, а Читадела успеа да стигне до полуфиналето по победата од 1:0 против Бреша.

Сега се играат два меча и победникот ќе игра финале за последниот билет што води во Серија А. Монца нема пораз од Цитадела на последните четири меѓусебни дуели, има подобар тим и нема да загуби денеска на „Пјер Чезаре Томболато“.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.77)

 

1011 Борнмут – Брентфорд (Чемпионшип плејоф, Англија, 19 часот)

Брентфорд почнува нова плејоф авантура и ќе се обиде конечно да го надмине проклетството што го прави најнеуспешниот тим во историјата на англискиот фудбал.

Досега учествуваа во 9 вакви циклуси и ниту еднаш не успеаја да обезбедат пласман во повисок ранг на натпревари, со што се рекордери.

Лани во финалето загубија од Фулам, а од деветте неуспешни обиди во плејофот, четири им се во Чемпионшип лигата во трката за пласман во Премиер лигата.

Борнмут ќе се обиде во два меча да го елиминира Брентфорд и да стигне до чекор од камбек во најсилната англиска лига. Гостите се во топ-форма и се непоразени на последните 12 меча во Чемпионшип лигата и типуваме дека со реми ќе ја продолжат серијата.

Предлог тип: Х (3.10)

 

3012 Венеција – Лече (Серија Б плејоф, Италија, 18.30 часот)

Бобан Николов и Леонард Жута со соиграчите од Лече можат да ја претворат трагичната приказна во остварување на сонот, да играат во Серија А.

Лече прокоцка сигурен пласман во највисок ранг на натпревари со лошите игри во последните шест кола. Во тој циклус забележаа само една победа и дозволија Салернитана да ги претрка во битката за второто место, што носеше директен пласман во Серија А.

Сега имаат нова шанса, но ќе мора да играат многу подобро за да ја елиминираат Венеција, а потоа и да бидат подобри од следниот ривал во финалето на плејофот.

Лече има одличен меѓусебен биланс против Венеција, нема пораз на последните 12 дуели, односно од 1995 година, кога беа поразени од денешниот ривал со 2:1.

Типуваме дека серијата што ја почна пред 25 години, Лече ќе ја продолжи и денеска на „Пјерлуиџи Пенцо“ во Венеција.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.35)

 

3683 Верона – Болоња (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Верона и Болоња ќе играат за престиж, но и за прекин на долгите серии без победа. Верона не победи на последните 8 меча во Серија А и ја прокоцка шансата за настап во еврокуповите.

И Болоња е во лоша форма со три нерешени дуели и два порази во послендите пет кола, па главниот мотив на двете екипи ќе биде да се победи и да се прекине лошата серија.

Болоња има шест меча во низа без пораз од Верона, но денеска е најдобро да се одигра на голови во меч без особено резултатско значење за двете екипи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.90)

 

1012 Барнсли – Свонси (Чемпионшип плејоф, Англија, 21.15 часот)

И Барнсли и Свонси никогаш не успеале преку вакви бараж-дуели да се пласираат во Премиер лигата, па сега им е шанса да запишат клупска историја.

И двете екипи се со приближно ист квалитет, што го покажува и завршниот изглед на табелата во Чемпионшип лигата по регуларниот дел.

Свонси освои 80 бода на четвртото место, Барнсли со два бода помалку беше веднаш зад нив, а и двете екипи забележаа по 23 бода.

Ова ќе биде неизвесен двомеч, се очекува да се игра малку потврдо од вообичаните мечеви во текот на сеозната, па наш избор е дека денеска нема да има повеќе од два гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.56)

 

 

- Оглас -

Најнови вести