Сигурица: На последните 14 меча што ги одигра немало повеќе од два гола

1011 Брентфорд – Свонси (16 ч.)

Влогот во овој меч е 170 милиони евра, затоа што победникот ќе обезбеди место во Премиер лигата за следната сезона. Брентфорд освои 87 бода во првенството и покажа дека има квалитет. Свонси заврши со 80 бодови, а интресно е дека двата меча што овие екипи ги одиграа сезонава, на крајот завршија со идентични 1:1.

Ако се знае колку е значаен овој меч, може да се очекува неизвесен дуел, но факт е дека кога играат овие два тима, има погодоци, па така треба да биде и сега.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.02)

 

1279 Лонгфорд – Шамрок (17 ч.)

Нема дилеми дека гостите се големи фаворити и дека ќе победат на крај. Во досегашните 13 кола во Ирска, Шамрок е во трка за првото место, додека Лонгфорд со само седум бода е претпоследен.

Шамрок ги загуби последните два меча во првенството и сега трите бода му се неопходни. Лонгфорд во просек прима речиси по два гола на меч и тешко дека домаќините ќе успеат да се одбранат

Предлог тип: 2&2-4 (1.93)

 

6001 Манчестер сити – Челзи (21 ч.)

Влогот е трофејот во Лигата на шампиони, а во изминативе пет месеци овие два тима одиграа три пати. Сити има една победа, а Челзи се радуваше два пати. Граѓаните го имаат најдобриот напад, додека Челзи е познат по гранитната одбрана што ја создаде по доаѓањето на тренерот Томас Тухел.

Финалињата секогаш се непредвидливи, а овојпат може да се очекуваат погодоци на двете страни, а сепак фаворитската улога е за тимот предводен од Пеп Гвардиола.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.65) – Квота на денот во Sport Life

 

1801 Кил – Келн (18 ч.)

Осум години се немаше случено второлигашки тим да победи екипа од Бундеслигата во бараж меч за место во елитното друштво, а тоа пред три дена му успеа на Кил. Екипата од Цвајте на гости со 1:0 го победи Келн и сега е на чекор од пласман во Бундеслигата.

Кил сега игра дома, каде сезонава во 17 првенствени меча загуби само четири пати. Келн нема што да калкулира и гостите ќе мора да тргнат офанзивно да дадат гол и секако да победат, ако сакаат да останат меѓу најдобрите.

Предлог тип: ГГ3+ (2.22)

 

1311 Тенерифе – Овиедо (18:30 ч.)

Дуел од последното коло во Сегунда дивисион во Шпанија. а двете екипи имаат по 51 бодови и овој дуел не им значи премногу. Тенерифе сезонава се специјализираше во тим кој игра со малку погодоци. Ниту дава, но не ни прима многу голови.

Тоа го покажува и статистиката која вели дека на последните 14 дуели во првенството, Тенерифе нема одиграно со повеќе од два гола, а дури осум пати било со нула или еден гол.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести