По 14 дена пауза, повторно се враќаат возбудувањата во Прва фудбалска лига на Македонија. Од 16 часот се играат пет меча од шестото коло, а дербито е во Струмица. Академија Пандев е домаќин на Македонија Ѓорче Петров, во меч на две екипи кои имаат шампионски амбиции.
Македонија ЃП се покажа силна дома и ги доби трите меча, но на двете гостувања кои ги имаше загуби. Пред почетокот на сезонава овие два тима одиграа пријателски меч кои го добија ѓорчепетровци со 2:1. Интересно е дека на последните пет меча на овие две екипи секогаш било гол-гол3+, а да биде така и сега, коефициентот е 2.50.
На останатите мечеви Борец е домаќин на Пелистер, Работнички ќе игра против Брегалница Штип, а Струга ќе ги одмери силите против Скопје. На сите овие мечеви, домаќините ја имаат фаворитската улога. Единствено Ренова на гости е со поголеми шанси за победа во дуелот со Тиквеш.
Дуелот меѓу Шкендија и Шкупи ќе се игра во вторник.