Академците на Пандев паднаа на исипот на дербито со Шкупи и загубија со 1:3 во Струмица. Иако водеа со голот од пенал на Мартин Мирчевски во 50. минута, следеше хет-трик на гостите од Скопје.
Марко Георгиевски израмни на 1:1 во 78. минута, а потоа со два прецизни удари од белата точка Алварес му донесе победа на Шкупи за прво место на табелата.
Мирчевски вечерва го постигна и осмиот гол за Академија Пандев и е лидер на табелата со најдобри стрелци во Првата македонска лига, но тоа не беше доволно неговиот тим да биде пак на врвот на табелата.
Шкупи ги освои бодовите и се израмни со Ренова на чело на табелата со по 17 бода. Академија Пандев беше лидер до пред две кола, но сега со 14 бода е на четвртото место, а пред нив е и Работнички со 15 бода.