Англиската фудбалска легенда повторно во издание „мртов пијан“ (Видео)

Веќе одамна е познато дека прославениот англиски фудбалер Пол Гаскоњ има проблеми со алкохолот. Дека ништо не е сменето во животот на Гаскоњ во однос на овој проблем, се потврди и по последната снимка, која се појави неодамна.

Фудбалерот, кој беше идол на многу деца, беше снимен како едвај, со помош на еден човек поминува покрај една улица, а потоа седна во автомобил. Според очевидците, Гаскоњ седел сам во еден рибен ресторан во градот Борнмут и бил толку многу пијан, што едноставно сам не можел да стане.

Гаскоњ е свесен за својот проблем и пред неколку месеци дека едноставно тој секогаш ќе биде алкохоличар.

„Секогаш ќе бидам алкохоличар. Сега може понекогаш да се напијам некоја чашка вино или пиво. Не секој ден, само кога чувствувам потреба за тоа“, рече Гаскоњ на едно телевизиско гостување. Според последната снимка, популарниот Газа се напил повеќе од една чашка пиво или вино.

 

- Оглас -

Најнови вести