Во Катар се игра меч каде што редовно „летаат“ петки, шестки и седумки

5708 Ал-Духаил – Ал-Кор (Супер лига, Катар, 14.10 часот)

Ал-Духаил е една од најтрофејните екипи во Катар и со 7 шампионски круни е во топ-5 на вечната листа.

И сега се борат за титула, но имаат шест бода помалку по 11 кола од најтрофејниот клуб Ал-Сад, кој има 15 титули.

Ал-Кор е претпоследен и грчевито ќе се бори за опстанок. Многу интересна статистика имаат овие две екипи во меѓусебните дуели во последно време, а заедничко им е што изобилуваат со голови.

Ал-Духаил има победи од 4:1, 6:1, 5:1 и 6:0 на последните 10 пресметки, но и два тешки порази од 6:0 и 7:0 од Ал-Кор.

Денеска домаќинот е фаворит, а головите се како загарантирани на дуелите меѓу двете екипи, па нашиот избор е 1&4+.

Предлог тип: 1&4+ (1.81)

 

1143 Хартлпул – Болтон (ЕФЛ куп, Англија, 20 часот)

Хартлпул и Болтон ќе играат меѓу себе по пауза од 23 години, а и тогаш во единствените два меча што ги имаат играно меѓусебно, Болтон победи без примен гол.

И сега членот на Лига 1 во Англија е фаворит за победа против Хартлпул, кој игра во еден ранг подолу, односно во Лига 2.

Болтон влезе во криза со три порази по ред и ова им е шанса да ја прекинат серијата пред продолжението на првенството во третиот по ранг фудбалски систем во Англија.

Предлог тип: 2 (2.09)

 

1571 Клифтонвил – Крусајдерс (Премиер лига, Северна Ирска, 20.45 часот)

Ова е дуел на две екипи од големата четворка на фудбалот во Северна Ирска и тука има и голем ривалитет.

Крусајдерс има 7 титули, две повеќе од Клифтонвил, но домашната екипа сезонава има топ-позиција за нов пехар и ако победи денеска, ќе биде лидер пред актуелниот шампион Линфилд, кој има неверојатни 55 титули.

Дуелите на Клифтонвил и Крусајдерс по традиција се многу неизвесни, често завршуваат нерешено и тоа се случи на последните пет меѓусебни пресметки.

Сега ќе типуваме дека таа серија ќе заврши со победа на Клифтонвил, кој е во подобра форма од Крусајдерс.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

1731 Ленс – Лил (Куп на Франција, 21 часот)

Шампионот на Франција, Лил, влезе во ритам и е во одлична форма со серија од 11 натпревари без пораз во сите натпреварувања.

Проблем за Лил е што игра на три фронта, а не смее тукутака да се откаже од натпреварите во Купот на Франција, каде што има многу успеси.

Тие се четвртата најтрофејна екипа во најмасовното натпреварување на Франција со шест пехари и успех во Купот ќе им значи многу.

Битката за одбрана на титулата во Лига 1 им е веќе загубена, бидејќи ПСЖ е неприкосновен, а Лил ќе мора да мисли и на нокаут-фазата во Лигата на шампионите, каде што на мегдан го чека актуелниот европски првак Челзи во февруари.

Ленс е во покомотна позиција, иако има послаб тим од Лил, па можеби овде најреално е да нема победник во регуларниот дел од мечот.

Предлог тип: Х (3.45)

 

1606 Понферадина – Еспањол (Куп на Шпанија, 21 часот)

Елиминациите на шпанските прволигаши Леванте, Алавес, Хетафе и Гранада во раната фаза на популарниот Копа дел реј се сериозно предупредување за Еспањол, иако клубот од Барселона е фаворит против второлигашот.

Патем Понферадина игра одлично сезонава во Сегунда и се наоѓа на петтото место, кое води во дополнителниот бараж за пласман во Ла Лига.

Еспањол е во безбедната средина на табелата во најсилното шпанско првенство и максимално може да му се посвети на дуелот во Купот.

Лани во двата меча во Втората лига, Еспањол убедливо ја победи Понферадина со 2:0 и 4:1, па ќе типуваме дека вечерва ќе забележи и хет-трик.

Предлог тип: 2 (2.25) Супер тип на Sport Life

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести