8.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Чудо во Аделбоден, победи скијач кој никогаш претходно не бил во Топ 20

Слаломската трка во Аделбоден ќе биде запамтена како трка со еден од најневеројатните победници. Сензационален победник е Јоханес Штролц од Австрија, кој заврши со најбрзо време од 1:50,5.

Јоханес е син на легендарниот Хуберт Штролц, кои настапи и на Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година и го освои шестото место во велеслалом. Четири години подоцна Штрулц освои злато на ЗОИ во Калгари во комбинација.

За разлика од Хуберт, синот Јоханес веќе 10 години е дел од Светскиот куп, а најдоброто место му беше 20 место во комбинација. Поради тоа што не е ниту меѓу 12-те најдобри скијачи во австриската репрезентација, Штрулц мора да тренира сам, а не со националниот состав.

На трката во Аделбоден, Јоханес беше со стартен број 38, но на крајот стигна до златото. Комплетните резултати од оваа трка може да ги најдете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести