Ноќта во НБА и НХЛ е прекрасна за плусеви

8333 Отава сенаторс – Бафало сејбрс (НХЛ, 01 часот)

Сенаторите на Отава живнаа малку и со две победи успеаја да побегнат од последното место во Источната конференција на НХЛ лигата.

Долго паузираа поради пандемијата со Ковид-19 и Отава е екипата со убедливо најмалку натпревари сезонава во НХЛ.

Одиграа само 31 меч што им е шанса со заостанатите дуели да го подобрат пласманот, па дури и да се надеваат и на настап во плејофот.

Истото важи и за Бафало, екипа која по 39 натпревари има само 29 бода и е една позиција над претпоследната Отава.

Овде нема место за калкулации, на двете екипи им одговара само победа, па ќе има голови.

Предлог тип: >5,5 гола (1.70)

 

8335 Вашингтон капиталс – Винипег џетс (НХЛ, 01 часот)

Шампионот од 2018 година игра слабо во последно време, па Овечкин и соиграчите ќе мораат да направат пресврт, за да не се случи чудо и Вашингтон, кој е еден од фаворитите за титулата.

Хокеарите од главниот град на САД имаат четири порази на последните пет натпревари, што е чудно за тим што има екстра-квалитет и еден од најдобрите први напади во НХЛ лигата со триото, Овечкин-Кузнецов-Хагелин.

Винипег е во ссосема спротивен тренд, со четири победи на последните пет меча и ќе биде опасен ривал за фаворитот.

Кајл Конор кој е најдобар поентер кај Винипег го предводи тимот, а гостите ќе се обидат да се реваншираат за поразот од 2:5 пред точно еден месец.

Предлог тип: >5,5 гола (1.75)

 

8339 Далас старс – Монтреал канедиенс (НХЛ, 02.30 часот)

Најтрофејниот тим во НХЛ, Монтреал е во страшна криза со серија од шест порази по ред и дури 13 на последните 14 натпревари.

Тоа ги доведе 24-кратните НХЛ шампиони на последното место во Источната конференција со само 19 бода од 37 натпревари што е и најслаб учинок во лигата.

И Далас игра скромно за квалитетот што го има, нанижа два порази по ред, но ќе ја искористи големата криза кај ривалот и ќе победи.

Предлог тип: 1(1.60)

 

8001 Њујорк никс – Минесота тимбервулфс (НБА, 01.30 часот)

Њујорк и Минесота имаат серијал од четири натпревари на кои се играше тврдо и со малку поени, но сега ќе биде поинаку.

И двете екипи се во слидна форма со шанси да играат во плејофот.

Кај Њујорк многу недостасува Кемба Вокер, стартниот плејмејкер во тимот, но Никс имаат одлични млади играчи и се надеваат дека во перспектива ќе бидат конкурентни и за титулата што ја чекаат од 1973 година.

Берет, Робинсон и уште неколку таленти предводени од Рендл, Вокер и останатите поискусни кошаркари на Никс треба да му ја вратат славата на еден од најпознатите свестки клубови.

Во сличен мод е и Минесота, каде Таунс треба да биде столбот на обновата на тимот со екстра-талентите од калибарот на Едвардс, потпогнати со квалитетот на Расел, Бисли, Беверли…

Предлог тип: >212,5 поени (1.97)

 

8409 Голден стејт вориорс – Детроит пистонс (НБА, 04 часот)

Голден стејт вориорс се најуспешната НБА екипа во минатата декада со три освоени титули и пет финалиња вкупно, а сега најавуваат нов атак на шампионските прстени.

Во тимот се врати и Клеј Томпсон по долгата пауза поради повреда, но неговиот кам-бек како да не им легна на Воините, кои имаат три порази на последните пет меча.

За ноќеска е најавен и кам-бекот на Стефон Кари, кој не играше против Минесота во поразот од 99:119.

Детроит малку ја поправи формата и има три победи на последните пет меча, но сепак е претпоследен во Источната конференција и голем аустајдер против Голден стејт.

Воините играат брза и атрактивна кошарка, а очекуваме и Детроит да парира во ист стил, што најавува убав и ефикасен меч.

Предлог тип: >215,5 поени (1.94)

 

- Оглас -

Најнови вести