Ѓоковиќ направи ново шоу за уживање во Дубаи

Новак Ѓоковиќ без многу проблеми го помина и второто коло на АТП -урнирот во Дубаи откако со 2:0 во сетови го победи Карен Хачанов. Србинот во првиот сет беше надмоќен и само за половина час успеа да го добие со 6:3. Еден брејк му беше доволен на фаворитот во првиот сет и тоа се случи за водство од 4:1, па потоа рутински го доигра сетот.

Во вториот сет, Ѓоковиќ повторно започна добро и направи брејк за водство од 3:1. Хачанов сепак не се предаде и го врати загубениот сервис откако успеа да израмни на 4:4, што беше најава за тај-брејк. Во првиот тај-брејк сезонава, Ѓоковиќ немаше многу проблеми и го доби со убедливи 7:2.

„Многу ми недостасуваше професионалниот тенис. Тоа е нешто што го правам во последните 20 години. Дел е од мојот живот. Дубаи е една од најголемите тениски сцени и секогаш ми е убаво да играм тука. Прекрасна атмосфера, публиката одлично навиваше за двајцата.“

Ѓоковиќ утре во четвртфинале ќе игра против Јиржи Весели, кој со 6:2, 6:4 го победи Баутиста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести