Во финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат ПСЖ и Арсенал и тоа ќе биде првпат во историјата во финале да се сретнат двајца шпански тренери и првпат двајца сонародници, а во финалето да нема тим од нивната земја.
Интересно е дека Луис Енрике, кој го води ПСЖ, и Микел Артета, кој седи на клупата на Арсенал, пред 27 години беа соиграчи во Барселона, кога Артета беше во Б тимот на Барса. Енрике е 12 години постар од Артета.

„Имам голема наклонетост кон него бидејќи бевме соиграчи кога беше многу млад во Барселона. Микел изгради одличен тим, можете да видите каков менаџер е“, рече Луис Енрике, кому ова финале во ЛШ ќе му биде трето (ги доби првите две) во кариерата, а за Артета прво.
За ПСЖ ова ќе биде второ финале во Лигата на шампионите по ред.
Во 21-ви век, само Реал Мадрид (единствениот тим што ја одбрани титулата), Ливерпул, Баерн и Манчестер јунајтед играле две финалиња по ред.
И Артета се присети на времето кога беше во Барселона.

„Луис Енрике многу ни помагаше на нас младите. Имам добри сеќавања од соработката со него. Многу научив од него. Го сакав и како играч и сега како тренер. Може да видите како се однесува неговиот тим и начинот на кој напаѓаат и сакаат да доминираат“, вели Артета кој во лигашката фаза во октомври се сретна со својот екс ментор и го победи со 2-0.
Но, ова ќе биде финале, ПСЖ многу напредуваше од тогаш и затоа е фаворит во финалето според квотите во Sport Life.

