Историски дебакл на Минесота, Сан Антонио 43 години немал ваков ефикасен плејоф-меч

Поразот на првиот дуел со Минесота од полуфиналето на плејофот во западната конференција во НБА-лигата ги налути играчите на Сан Антонио, па тие вториот меч во серијата го добија со 133-95 и изедначија на 1-1 во победи.

Овие 133 поени се најмногу за Спарс на еден плејоф меч уште од 1983 година наваму, а поразот од 38 поени разлика е најубедлив во плејоф историјата на Тимбервулфс.

На Истокот, Њујорк никс го искористи домашниот терен и води со 2-0 против Филаделфија пред двата меча кои ќе се играат во градот на братската љубов. Никс во вториот меч славеа со 108-102, запирајќи ги гостите само на 12 поени во последната четвртина. Мечот беше израмнет, имаше дури 25 промени на водството што е најмногу на плејоф меч во последните 11 сезони. Кај Филаделфија го немаше Џоел Ембид.

- Оглас -

Најнови вести