На четири кола до крајот од првенството во француското првенство, Пари Сен Жермен има 13 бода пред второпласираниот Олимпик Марсеј и веќе официјално е новиот првак на Франција.
ПСЖ во последното коло одигра 1:1 против Ленс, но и тоа беше доволно за Нејмар да организира забава за освоената титула. Во куќата на Бразилецот беа поканети неколку негови соиграчи, а Нејмар беше највесел.
Бразилецот, кој е познат како голем мераклија за пеење, во еден момент го зеде микрофонот и запеа, а играше и во ритамот на музиката.
Нејмар сезонава на 19 меча во француското првенство даде 11 погодоци, а имаше и пет асистенции. За ПСЖ ова беше јубилејна 10-та титула во француското првенство.
Иако ја освоија титулата во Франција, ПСЖ нема многу успешна сезона ако се знае дека клубот испадна уште во осминафиналето од Лигата на шампионите.