Двајца возачи се во фокусот, за сите останати квотата е двоцифрена дека може да бидат најбрзи

Формула 1 шампионатот овој викенд е во Азербејџан, а иако патеката е различна, фаворитите за највисок пласман се исти. Возачите на Ред бул и на Ферари се во прв план на денешните квалификации, а така треба да биде и на утрешната трка.

На петочните тренинзи, во првата сесија најбрзо време имаше Серхио Перез пред Шарлс Леклер, а потоа следуваа Макс Верстапен и Карлос Сајнц, што значи дека сите возачите на Ред Бул и Ферари беа на првите четири позиции. Во втората тренинг сесија најбрз беше Леклер, а токму овој возач на Ферари е фаворит денеска да го има и најбрзото време во квалификациите.

Зад Леклерс следува Верстапен, додека сите останати возачи се со двоцифрен коефициент за да бидат на пол позицијата, што може да биде и примамливо ако се знае дека Перез и Сајнц имаат добри болиди.

- Оглас -

Најнови вести