30.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Новиот тренер на Олимпија доби дочек како од пеколот, хулиганите веднаш го избркаа (Видео)

Врие во Олимпија Љубљана. Пред два дена оставка доби тренерот Роберт Просинечки, и тоа само по три и пол месеци откако дојде во клубот. Од клубот рекоа дека Просинечки многу пиел и пушел, а хрватскиот стратег возврати дека во клубот има најголеми измамници.

На местото на Просинечки беше назначен Шпанецот Алберт Риера, кој доживеа непријатност на денешниот прес. Поранешниот играч на Ливерпул беше дочекан со жестоки реакции од навивачите, кои очигледно се во војна со челниците на Олимпија.

„Ајде надвор. Излези надвор, не си добредојден тука“, му викаа навивачите на новиот тренер.

- Оглас -

Најнови вести