Американецот Максвел раскина со МЗТ Скопје Аеродром

Американецот Еван Максвел повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром откако денеска потпиша спогодбено раскинување на договорот, соопштија од македонскиот првак.

Тој набрзо по доаѓањето го повреди коленото што подолго време го мачеше и не му дозволи да го покаже сиот потенцијал.Сино-белиот дрес го носеше на пет меча од АБА-лигата, во кои просечно реализираше по осум поени и 2,6 скока.

Од МЗТ изразија благодарност за тоа што Максвел се покажа во сино-белиот дрес и му посакаа сѐ најдобро во продолжението од кариерата. Челниците на МЗТ веќе најавија потрагата по квалитетно пополнување на празнината под обрачите.

- Оглас -

Најнови вести