
Селекторот Гоце Седлоски направи финална селекција и го редуцира списокот од 27-мина на 23-ца фудбалери кои ќе се најдат во официјалниот протокол на вечерашниот дуел против Данска. Очекувано, без поголеми изненадувања, надвор од комбинација останаа Решат Рамадани, Имран Фетаи, Лука Станковски и Тихомир Костадинов.
Одлуката за првите тројца е избор на стручниот штаб, додека Костадинов ќе го пропушти натпреварот поради суспензија од жолти картони. Неговото враќање се очекува на следниот меч, кога Македонија ќе се соочи со Чешка или Република Ирска во вторник навечер.
Правдата на теренот ќе ја дели германскиот арбитер Феликс Цвајер.

