Египетскиот гигант Замалек киксираше на домашен терен откако одигра 1:1 против Ел Дахлеја во меч од домашното првенство. Фаворитот губеше со 1:0 на полувреме, а до крајот на мечот успеа само да израмни и да се спаси од пораз, но не и да стигне до планираните три бода.
Фудбалерите на Замалек на секој начин се обидуваа да дадат гол за победа, а во еден момент се случи една необична ситуација. Самсон Акинјола во воздушен дуел се обиде да ја удри топката, но пред него реагираше голманот на гостите и ја расчисти опасноста.
Соиграчите на Акинјола бурно реагираа и тоа кон својот соиграч, прекорувајќи го дека требало да изглуми дека е удрен од противничкиот голман и да падне, за да може Замалек да добие пенал.