На мени се фудбалски купови со ракометен зачин

Натпреварите од шпанскиот Копа дел Реј, англискиот Лига куп и францускиот и холандскиот куп, се денешните фудбалски настани на кои ви предлагаме да се обложите во уплатните места на SPORT LIFE. Како додатоци, ви даваме и еден ракомент предлог и мини-анализи за секој меч одделно.

 

Севилја – Барселона (21.30 часот)

Андалузискиот тим е во слаба форма, има три порази по ред, два во лигата и еден во купот. Ниту традицијата не е на негова страна. Од последните 10 меѓусебни мечеви, дури девет завршија со победа на Барселона, а еднаш беше нерешено. Сепак, кај Барса ќе го нема Меси, тоа е хендикеп и затоа треба претпазливост при типувањето. Барса последен пат загубила во Севилја во октомври 2015 година.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.70)

 

Сент Етјен – Дижон (18.30 часот)

Ова е меч од 16-финалето од Купот на Франција, а фаворитската улога ја имаат домашните. Со поразот од Лион, за Сент Етјен заврши серијата од четири победи и сега ќе сакаат да се вратат на победничкиот пат. Сент Етјен дома никогаш не загубил од Дижон, а на последните два меѓусебни меча паднаа три или повеќе голови.

Предлог тип: Т1 1+ I& 1+II (2.35)

 

Феенорд – Фортуна Ситард (20.45 часот)

Феенорд доста заостанува во холандското првенство зад Ајакс и ПСВ, па купот му е единствената шанса да освои некој трофеј. Во Ротердам практично се непобедливи, од 21 меч дома, Феенорд има 18 победи. Фортуна е на 11-тото место во лигата и исто така купот е прилика да се спаси сезоната, но прашање е дали има амбиции. Овие ривали никогаш не играле нерешено меѓусебе.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.65)

 

Бартон – Манчестер сити (20.45 часот)

Ова е полуфинален реванш-меч од Лига купот, откако првиот меч заврши со 9-0 за фаворитот. За третолигашот не е срамота и дома да загуби од Сити. Повторно може да се очекува инвазија на голот на Бартон, кој игра слабо во последно време. Манчестер сити има четири победи по ред, сите без примен гол.

Предлог тип: 2 & 4+ (1.72)

 

Данска – Шведска (20.30 часот)

Скандинавското дерби ќе одлучи која репрезентација ќе го освои првото место во групата на Светското првенство во ракомет. Данците се во предност, имаат два бода повеќе, па им одговара и нерешено. Тие се тим со најдобра одбрана, ќе имаат поддшка од трибините, но Шведска заедно со Норвешка има најефикасен напад. Пред една година на ЕП, Швеѓаните славеа по продолженија и Данците тоа не го забораваат.

Предлог тип: 1 (1.60)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести