Официјално: Марко Ројс е нов фудбалер на ЛА Галакси!

Легендата на Борусија Дортмунд и воопшто на германскиот фудбал, Марко Ројс, и официјално е нов фудбалер на членот на МЛС лигата, ЛА Галакси. 35-годишниот фудбалер ова лето ги напушти „милионерите“ после 12 години и 429 натпревари, па сега се одлучи дека ќе им се придружи на Лионел Меси, Луис Суарес, Бускетс и останатите ѕвезди во Северна Америка.

„Марко Ројс е играч од светска класа, кој го има достигнато највисокото ниво во спортот. Играл две финалиња на Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд, како и финале на Светско првенство со Германија.“ – рече генералниот директор на ЛА Галакси, Вил Кунц, на претставувањето на германецот.

Договорот на Лос Анџелес Галакси и Марко Ројс е со важност од две години.

- Оглас -

Најнови вести