Ливерпул на колена на гостувањето кај најслабиот тим во Премиер лигата (Видео)

Актуелниот англиски првак Ливерпул претрпе нов неуспех во Премиер лигата откако со 2:1 загуби на гостувањето кај Вулверхемптон во меч од 29-тото коло. Мрежите мируваа до 78-мата минута, а потоа почна шоуто.

Вулверхемптон направи одличен контранапад и со голот на Гомес стигна до 1:0 и тој погодок може да го видите ТУКА.

Ливерпул брзо се созеде од првичниот шок и во 83-тата минута израмни со погодокот на Мохамед Салах, кој го искористи подарокот на противничкиот тим. Голот на Салах може да го видите ТУКА.

Вулверхемптон, кој е закован на дното на табелата во Премиер лигата, во 90+4 минута со голот на Андре стигна до 2:1 и голема победа над актуелниот првак. Победничкиот гол на Вулверхемптон може да го видите ТУКА.

За Вулверхемптон ова е втора победа во низа и сега има 16 бода, но останува на дното на табелата. Ливерпул е петопласиран со 48 бода.

- Оглас -

Најнови вести