Екипата на Олимпијакос е првиот финалист во кошаркарската Евролига, откако во својата Атина, убедливо славеше со 79:61 над сѐ уште актуелниот европски првак Фенербахче. Во финалето, Олимпијакос ќе го чека подобриот од шпанската пресметка меѓу Реал Мадриди Валенсија.
Олимпијакос одлично го отвори мечот и поведе со 12:0. Првите поени кошаркарите на Фенербахче ги постигнаа по седум минути игра, а до крајот од првата четвртина намалија на 18:12. Почетокот на втората четвртина беше како пресликана од првите 10 минути.
Грчкиот тим започна фуриозно и со серија од 11:0, стигна до највисоката предност од 29:12. Првите поени во оваа четвртина за играчите на Фенербахче стигнаа дури по шест минути игра. До крајот на полувремето разликата падна на едноцифрена разлика, па на пауза се замина до 33:24.
I @Thortontucker puts on the afterburner to get back for the CHASEDOWN 💨🛑@Moto #MotorolaMagicMoment @FBBasketbol pic.twitter.com/JszA1lp7mN
— EuroLeague (@EuroLeague) May 22, 2026
Неверојатно е дека и третата четвртина започна на ист начин како претходните две. Олимпијакос прецизен во нападот, добар во одбраната, па по само две минути од третата четвртина со серија од 9:0 стигна до највисока предност од 20разлика (44:24 во 23 минута).
Тоа како да беше знак Фенербахче да се разбуди и турскиот гигант влезе во добар ритам, па со серија од 10:0 намалија на 44:34 во 26 минута. Везенков беше играчот кој блесна во третата четвртина со постигнати 14 поени во оваа делница, па е најзаслужен што Олимпијакос водеше со 56:41 пред почетокот на последната четвртина.
14 points in Q3 😤#F4GLORY pic.twitter.com/uluUcrOdn0
— EuroLeague (@EuroLeague) May 22, 2026
Стартот на последната четвртина конечно беше во знакот на Олимпијакос. Грчкиот тим со серија од 8:0 по подолго време намали на едноцифрена негатива (56:49) во 32 минута. Сепак, Олимпијакос не дозволи да ја прокоцка добрата предност која ја имаше уште од саммиот почеток, па на четири минути до крајот ја врати високата предност од 17 разлика (69:52) и тува веќе започна големото славје на навивачите на Олимпијакос во исполнетата сала во Атина.

