Сан Хозе бега од хет-трик порази во третиот плејоф-меч

Сент Луис блус – Сан Хозе шаркс (НХЛ, 02 часот)

Сент Луис има одличен резултат, 1:1 по двете гостувања кај Ајкулите во финалната серија од Западната конференција, и ќе сака да го потврди брејкот со прва победа на домашен терен.

Домаќините имаат трио расположени хокеари со над 10 поени (голови + асистенции) во плејофот, а ги предводи извонредниот Џејден Шварц. Уште ако Тарасенко покаже дел од својот репертоар, Блус можат да се надеваат и на големото финале.

Сан Хозе по третпат во плејофот се наоѓа во незгодна ситуација, но Ајкулите постојано покажуваат дека се најдобри кога им е најтешко. Губеа со 1:3 од Вегас Голден најтс на стартот од плејофот, но приредија подвиг и се пласираа понатаму, а потоа со Колорадо играа мајсторка и го добија седмиот меч. Интересно е што и во двете серии го губеа третиот меч.

Како што тргна и серијата со Сент Луис, може да се одлучува во последниот меч, а Сан Хозе некако и се навикна да го игра тој судбоносен последен дуел, односно таканаречената мајсторка.

Ноќеска е тешко да се предвиди исходот, па веројатно најдобро е да се типува на голови. Првите два меча беа ефикасни и очекуваме тој тренд да продолжи.

Предлог тип: >4.5 гола (1.48)

 

Милвоки бакс – Торонто репторс (НБА, 02.30 часот)

Од неодамна во обложувалниците на Sport Life можете да го комбинирате на ист тикет натпреварот од Супер типот со индивидуалните учиноци на кошаркарите од истиот натпревар.

Ќе ја искористиме таа можност и ќе направиме комбинација од првиот дуел во финалето на Истокот меѓу Милвоки и Торонто со три индивидуални тотали на кошаркари.

Ноќеска почнува големата битка за пласман во финалето на НБА-лигата, а интересно е што во последните три меѓусебни дуели во регуларниот дел од сезоната гостинската екипа славеше.

Милвоки по долг период имаат шанса да играат во големото финале, ќе ја има предноста да игра меч повеќе на домашен терен, но нема да им биде лесно со Репторс.

Неизвесно е дали ќе може да игра Брогдон, бидејќи бекот на Милвоки е повреден и не настапи во претходната серија.

Домаќините имаат голем адут во извонредниот Јанис Адетокумбо, кој игра импресивно. На спротивната страна, на исто ниво е Кавај Ленард, па ќе гледаме битка на двајца одлични кошаркари. Можеби и тоа ќе биде клуч на успехот, кој од нив двајца ќе биде подобар лидер на тимот.

Првиот меч е мошне значаен, ќе мора да се игра добра одбрана за успех, па ќе типуваме меч со помалку поени од понудата во Sport Life.

Предлог тип: <217.5 поени (1.85)

 

Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс – Торонто репторс, НБА, 02.30 часот)

Грчкиот репрезентативец игра одлично во континуитет, беше на очекуваното ниво и во регуларниот дел на сезоната и сега во плејофот е лидер на Бакс.

И против Торонто имаше одлични настапи, а на последниот меч на домашен терен во регуларниот дел од сезоната им даде 43 поени, комбинирани со 18 скока.

Јанис е комплетен кошаркар, прераснува во една од најголемите ѕвезди на НБА и тешко дека некој може да го сопре. Таа улога ќе треба да ја има Паскал Сијакам, во комбинација со Ибака, но Јанис е во топ форма.

Предлот тип: >46.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

Кавај Ленард (Милвоки бакс – Торонто репторс, НБА, 02.30 часот)

Кавај е убедливо најдобриот играч на Торонто, а со неговиот неверојатен кош во последната секудна Репторс ја победија Филаделфија во седмиот меч и се пласираа во финалето на Источната конференција.

Во регуларниот дел од сезоната трипати играше против Бакс и само еднаш успеа да постигне 30 или повеќе поени. Сепак, за него голем потстрек е што со феноменален шут му донесе финале на Торонто и очекуваме да продолжи да ги решета мрежичките.

Предлог тип: Ленард >31.5 поени (1.90)

 

Кајл Лаури (Милвоки бакс – Торонто репторс, НБА, 02.30 часот)

Лаури може да биде клучот на успехот на Торонто, екипа која е аутсајдер против Милвоки, но има квалитет за подвиг. Од бекот на Репторс зависат доста работи во тимот.

Лаури има квалитет, но честопати знае и да потфрли. Сега и за него и за оваа генерација на Торонто е историска шанса за настап во големото финале во НБА-лигата, па се очекува Кајл да има своја улога. Знае да биде одличен асистент и ако неговите топки почесто доаѓаат за отворен шут за Ленард и Сијакам, Торонто може да се надева на успех во серијата со Бакс.

Предлог тип: Лаури > 6.5 асистенции (1.65)

 

 

- Оглас -

Најнови вести