36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Пелистер доби италијански ривал како прва препрека на патот до групната фаза во Лига на шампиони

Екипата на Пелистер ќе ира против италијанскиот тим Реџо Емилија на квалификацискиот турнир за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони. Доколку битолчани победат против Реџо Емилија ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Орадеа – Антверпен. Пласман во финалето ќе значи дека ќе игра против најдобриот од пресметките меѓу ПАОК – Дерби и Бурсаспор – Ловен.

Патот до место во ЛШ е исклучително тежок, затоа што ќе се играат три квалификациски турнири со по осум екипи, на кои само трите победници ќе обезбедат пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Сепак, дури и во случај на елиминација во овие квалификации, тоа нема да биде крај на европскиот настап на Пелистер бидејќи е речиси сигурно дека битолчани автоматски ќе ги продолжи настапите во групната фаза од ФИБА Европскиот куп.

Квалификациските мечеви треба да се играат од 23-28 септември.

- Оглас -

Најнови вести