Кари и воините сакаат да се простат од Окленд со победа

Марк Гасол (НБА финале, Голден стејт – Торонто, 03 часот)

Центарот на Торонто игра по принципот пар-непар и има различен учинок на последните четири натпревари. Еднаш игра одлично и лесно ја минува границата со двоцифрен број на поени, а потоа на следниот натпревар постигнуваше под 10 поени.

Сепак Марк се подобро се вклопува во составот на Торонто и може да биде НБА шампион во првата сезона, откако пристигна во редовите на Репторс. Повторно ќе бие тешка битка со Демаркус Казнс и со Дрејмонд Грин, но Марк е играч од посебен калибар и може да се справи со предизвикот во меч што може на Репторс да им ја донесе првата НБА титула.

Гасол е сестран играч, знае да игра во рекетот, да шутне и тројка, игра одлична одбрана, што го прави силен адут на Торонто и во финалната серија. Гостите водат со 3:2 и имаат две меч топки за сефте титула.

Границата во обложувалниците на Sport Life за центарот на гостите е 9.5 поени, што според нас е лесно минлива за играч со квалитети какви што ги има Гасол.

Предлог тип: Гасол > 9.5 поени (1.85)

 

Кавај Ленард (НБА финале, Голден стејт – Торонто, 03 часот)

Ленард е човек за титула и за тоа е ангажиран од Торонто и може да биде херојот на Репторс во првиот обид да се освои титулата во НБА лигата.

И Кавај со игрите потврдува дека раководството на рептилите направи Ол-стар потег, кога го заменија со Демар Дерозан.

Крилото на финалистот е столбот на тимот што ноќеска може да ја освои титулата. Ако тој одигра како што умее, тогаш шансите на Торонто ќе бидат големи за триумф на еден од двата меча што би требало да се доиграат во финалето против Голден стејт вориорс.

Финалето го почна со 23 поени, продолжи со 34, па даде 30, 36 и 26 поени, што е импресивен учинок. Границата за индивидуален тотал на поени за Ленард во обложувалниците на Sport Life речиси и да не се менува и повторно и сега е 30.5 поени.

Ленард повторно ќе ја земе лидерската палка во свои раце и за шестиот меч во финалната серија, а очекуваме да ја мине границата од 31 поен.

Предлог тип: Ленард >30.5 поени (1.90)

 

Стефон Кари (НБА финале, Голден стејт – Торонто, 03 часот)

Во отсуство на Кевин Дурант од Стефон Кари се очекува да превземе поголем дел од товарот за продолжување на надежите дека Голден стејт може да направи втор пресврт во историјата при негатива од 1:3 и да освои нова титула. Искуството на Воините е различно и тоа во овој плејоф, кога играа со, или без Дурант.

Кари стапи на сцена во финишот на конференциското полуфинале со Хјустон и без повредениот Дурант ги одведе воините во финале со Портланд, а и таму играше феноменално.

Сепак во големото финале против Торонто, Кари и соиграчите имаат многу проблеми без повредениот Дурант. Тој играше само на петтиот меч и пак се повреди, па сега Стефон ќе мора да стапи на сцена. Игра неверојатно добро и во серијата за титула, па ќе типуваме дека и ноќеска ќе биде ефикасен и ќе ја мине границата од 32.5 поени, колку што е во понудата во обложувалниците на Sport Life.

Предлог тип: Кари > 32.5 поени (1.90)

 

Дрејмонд Грин (НБА финале, Голден стејт – Торонто, 03 часот)

Крилниот центар на Голден стејт вориорс е еден од клучните играчи на шампионот, особено сега кога Дурант е повреден. Заедно со Буги ќе мора да ги сопрат Сиакам и Гасол и ако тоа им успее, Голден стејт ќе има одлични шанси да израмни и да се избори за мајсторка.

Треба да се напомене деке ова е последен меч за Голден стејт во Окленд, бидејќи од следната сезона клубот се сели во Сан Франциско.

Грин е сестран кошаркар, честопати знае да прокнижи трипл-дабл, а очекуваме и ноќеска да биде во свој елемент во меч што значи да се биде, или не за шампионот во финалната серија.

Предлог тип: Грин > 31.5 поени+асистенции+скокови (1.90)

 

Клеј Томпсон (НБА финале, Голден стејт – Торонто, 03 часот)

Еден од најдобрите шутери во лигата играше како по ноти во петтиот меч во Торонто, кога шампионот си го продолжи животот со брејк.

Томпсон и Кари искомбинираа 14 тројки и воините успеаја да победа и да намалат на 2:3. И ноќеска од Томпсон се очекуваат прецизни удари од далечина, а кога е во форма Клеј е незадржлив.

Тој е втората игла во еден од најдобрите напади во НБА, заедно со Кари и ако успеат како тандем да ја репризираат претходната претстава тогаш Голден стејт речиси сигурно ќе патува на мајсторка, односно на седма рунда во Торонто.

Предлог тип: Томпсон > 24.5 поени (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести