Од Уругвај допатува 92-годишен навивач за да го гледа Билбао на „Сан Мамеш“ (видео)

Навивач на Атлетик Билбао на полни 92 години допатува од Уругвај само за да го проследи мечот на баскискиот клуб против Валјадолид во изминатото коло во Ла Лига. Дуелот на „Сан Мамеш“ заврши со реми од 1-1, вистинска штета е што дедото не се израдува на победа, но барем мечот го проследи од ВИП-ложата, а исто така уживаше во прекрасната атмосфера која ја направија фановите на Билбао.

Како почесен гостин, 92-годишниот навивач доби прилика да се запознае со дел од фудбалерите на клубот, како на пример: Ињаки Вилијамс, кого го виде како ја тресе мрежата против Валјадолид, а исто така и Икер Мунијаин, фудбалерот кој во текот на целата своја кариера ги брани боите на Баскијците почнувајќи од младинските категории.

Ова е доказ дека љубовта кон фудбалот, но и клубот нема граници. Секоја чест за храброста на дедото да помине толкав пат само за да почувствува како е да се биде дел од еден натпревар на Атлетик Билбао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести