Управата на актуелниот македонски првак Шкендија, одлучи да ја прекине соработката со тренерот Ќатип Османи. По катастрофалниот почеток на сезоната во која тетовци сè уште ја бараат првата победа во домашното првенство, како и испаѓањето во раната фаза од натпреварувањата во Европа, одговорните на клубот мораа да реагираат, по што отказот на стручниот штаб на чело со Османи беше логичен потег.
„Шкендија соопштува дека ја прекинува соработката со стручниот штаб предводен од Ќатип Османи. Управата ги анализираше актуелните случувања и негативни резултати, по што е донесена одлука да се направата промени на тренерската позиција. Клубот му е благодарен на Османи за историските достигнувања во изминатите години. Тимот ќе го води Ерхан Селими до назначувањето на нов шеф на стручниот штаб“, стои во соопштението на Шкендија.
Шкендија по четири одигра натпревари во шампионатот ја завзема последната позиција на табелата, по три порази и само едно реми. Претходно тетовци се посрамотија во првото квалификациско коло во ЛШ и елиминацијата од Номе Кајлу, а потоа и против Дуделанж во квалификациите за ЛЕ.