Трагична смрт на синот на легендарниот Кафу

Прославениот бразилски фудбалер Кафу доживеа семејна трагедија. Неговиот најстар син, Данило, почина од срцев удар, и тоа додека играл фудбал.

Несреќниот Данило заедно со своите пријатели играл фудбал во близина на неговиот дом во Сао Пауло, кога му се слошило и паднал на теренот. Веднаш бил пренесен во болница, но лекарите констатирале смрт. Кафу беше капитен на Бразил на Светското првенство во 1994 година, кога Кариоките стигнаа до светската титула.

 

- Оглас -

Најнови вести