Битка за опстанок во Штип: Одлична квота за победа на Вардар против Брегалница (Фото)

Фудбалските прволигаши попладнево во 16 часот ќе го одиграа вонредното празнично 30-то коло. Голема неизвесност има и на врвот во борбата за титулата и излез во фудбалска Европа, но и на дното од табелата.

Во Штип гостува Вардар, дуел кој веројатно е последна надеж за опстанок за екипата на Брегалница. Според квотите во Sport Life, штипјани се фаворити со квота од 1.93, но затоа победата на Вардар има фантастична квота од 3.65. Борба за опстанок ќе има и во скопската населба Ѓорче Петров, каде Македонија ја пречекува екипата на Воска од Охрид. Домашните се фаворити со квота од 2.03.

Од водечките екипи, само Шкендија игра на домашен терен и тоа против струмичка Брера и очекувано е фаворит со квота од 1.26 за победа, додека фаворити се и екипите на Струга и Шкупи кои ќе гостуваат во Кавадарци, односно Гостивар.

Актуелниот шампион, Струга, е пред тешка задача на гостувањето кај Тиквеш, но според квотите е фаворит со 1.86, додека Шкупи гостува кај Гостивар, а скопјани се фаворити со квота од 1.58 за победа.

Во последниот натпревар, во Кратово, Силекс го пречекува Работнички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести