Премиерлигашите доминираат во номинациите за најдобрите според ФИФА

За првпат по една деценија, Премиер лигата има повеќе претставници од шпанската Ла Лига меѓу номинираните за најдобрите 11 играчи според ФИФА за 2019 година. Дури 21 фудбалер од англиската елита се во конкуренција, односно имаат еден играч повеќе од Шпанците.

Англичаните ги предводи европскиот првак Ливерпул со седуммина номинирани играчи, додека јужноамериканскиот шампион Бразил е земјата која има најмногу претставници (10). Над 23.000 фудбалери низ светот го дадоа својот глас за најдобрите 11 во светот, кои ќе бидат обелоденети на 23 септември во Милано, на церемонијата за доделување на „The Best“ наградите.

Сите 55-мина номинирани фудбалери:

Голмани(5): Давид де Хеа, Алисон Бекер, Едерсон Мораес, Јан Облак, Марк Андре тер Штеген.

Дефанзивци(20): Жорди Алба, Трент Александер-Арнолд, Дани Алвес, Жоао Кансело, Дани Карвахал, Џорџо Кјелини, Вирџил ван Дајк, Диего Годин, Џошуа Кимих, Калиду Кулибали, Емерик Лапорт, Матајс де Лихт, Жарарт Пике, Серхио Рамос, Енди Робертсон, Алекс Сандро, Тијаго Силва, Рафаел Варан, Марсело, Кајл Вокер.

Играчи за врска(15): Серхио Бускетс, Каземиро, Кевин де Бројне, Кристијан Ериксен, Френки де Јонг, Еден Азар, Нголо Канте, Тони Крос, Артур Мело, Лука Модриќ, Пол Погба, Иван Ракитиќ, Бернардо Силва, Душан Тадиќ, Артуро Видал.

Напаѓачи(15): Серхио Агуеро, Карим Бензема, Роберто Фирмино, Антоан Гриезман, Хари Кејн, Роберт Левандовски, Садио Мане, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Нејмар јуниор, Кристијано Роналдо, Мохамед Салах, Сон Хеунг-мин, Рахим Стерлинг, Луис Суарес.

https://twitter.com/FIFPro/status/1169564745126621185

- Оглас -

Најнови вести