Ѓоковиќ си зацрта нова цел, макар и на 40 години да се запише на факултет!

За најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, се знаат многу работи и од приватниот живот, а еден од деталите за којшто нема многу податоци е неговото школување.

Новак игра тенис речиси цел живот, на 12 години веќе беше во Тениската академија на Никола Пилиќ. Основно училиште завршил во Белград, додека во средно не одел редовно како повеќето негови врсници.

Поради тениските обврски, а бидејќи Новак во тоа време имал веќе 15 години, морал да го заврши средното училиште вонредно и да го посетува само за да полага испити бидејќи таквото образование веќе функционира во случај на исклучоци како Ѓоковиќ и други талентирани спортисти.

Ѓоковиќ веќе беше тениски професионалец на 16 години, а во исто време и во втора година средно училиште, и не било реално да посетува секојдневна настава.

Благодарение на Спортската гимназија, Новак ја запознал Јелена Ристиќ, сега негова сопруга, која одела во гореспоменатото средно училиште и се занимавала со атлетика. Потоа таа дипломирала на Универзитетот во Милано и докторирала во областа на менаџментот.

По завршувањето на средното образование, Новак не се запишал на факултет и тоа му е една од најголемите рани во животот. Во едно од интервјуата рече дека дефинитивно ќе се запише на некој од факултетите и да дипломира.

„Сè уште сакам да се запишам на факултет. Не знам дали следната или за пет години, но дефинитивно би сакал да имам универзитетска диплома. Тажен сум што не успеав како млад, иако сум исклучително благодарен за сето она што го имам и што го постигнав. На крајот на краиштата, факултетот не е само за деца, во него можеш да влезеш и кога имаш 40 години. Факултетот е дом на знаење. Најмногу ме интересираат здравствените теми, исто така би сакал да ги проучувам античките цивилизации и археологијата“, изјави Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести