Косово попладнево во Приштина ќе игра против Чешка во меч од квалификациите за ЕП 2020. Двете селекции се со шанси за пласман на завршницата, а битката започна уште пред биде означен почеток на мечот.
На Косово има пристигнато една група на чешки навивачи кои планирале да направат „напад“ со дрон на стадионот „Фадиљ Вокри“. Идејата била на дрон да се закачи парола на која ќе пишува „Косово е Србија“ и дронот да лета над стадионот.
#Kosovo police found tonight a drone w/ flag “Kosovo is Serbia” at #Czech football far-right hooligans who came to attend tomorrow’s #KosCze match. Atmosphere has been so positive at Fadil Vokrri stadium last years, I’m bringing my 5year old. #Dardanians have only love to give. pic.twitter.com/0FjZra3KDi
— Petrit Selimi (@Petrit) September 6, 2019
Сепак, полицијата на Косово при претрес на шест мажи и две жени, го пронашла дронот и го запленила, па реализацијата ќе изостане. Кај овие навивачи било пронајдено и ладно оружје, а се верува дека лидерот на групата имал и српско државјанство.
Колку за потсетување, на 14 октомври 2014 година, албански навивачи направија провокација во Белград за време на дуелот Србија – Албанија, кога над стадионот на дрон беше закачено знаме од таканаречена голема Албанија. Навивачите на Србија збеснаа, дел истрчаа на терен, па судијата мораше да го прекине мечот, а Албанија службено победи со 3:0.