Мекгрегор осуден за силување, ќе мора да плати голема сума за оштета

Прославениот ирски ММА борец Конор Мекгрегор ќе мора да плати речиси 250.000 евра оштета поради сексуален напад на жена во Даблин 2018 година, одлучи поротата. Во поротата имало осум жени и четири мажи, а пресудата е донесена по повеќе од шест часа.

Мекгрегор беше обвинет дека на 9 декември 2018 година сексуално ја нападнал жената Никита Ханд во хотелската соба.

Мекгрегор ги негираше обвиненијата и рекол дека имал доброволен секс со Ханд. Жената била со изјавата дека се слушнала со својот дечко, му рекла дека добро се забавува и дека нема зошто да се грижи. Потоа кога се нашла во хотелската соба на ММА борецот, со помош на телохранителите била спуштена на креветот, а потоа била гушена.

По донесување на одлуката, Мекгрегор не сакал да коментира пред новинарите.

- Оглас -

Најнови вести