Американците пресилни за Грција и осамениот Јанис

Избраниците на Грег Попович ја совладаа Грција со сигурни 69:53, и направија исчекор кон пласманот во нокаут фазата на Мундобакетот во Кина. САД успеа да ја одржи непобедливата форма запишувајќи го четвртиот последователен триумф, иако се соочија со накорисниот играч во нивната НБА лига за минатата сезона, Јанис Адетокумбо.

Грците му парираа на актуелниот светски првак сè до половина од втората четвртина, а потоа Американците направија серија од 9-0 која им овозможи на паузата да заминат со двоцифрено водство при резултат од 38:25. Во исто темпо продолжија кошаркарите на Попович и во вториот дел, па така стигнаа и до најсвисоки +19 на стартот од последните 10 минути, а потоа го одведоа мечот во крај без изненадувања.

Вокер со 15 поени го предводеше составот на САД, Мичел беше втор двоцифрен со 10 поени. Кај поразените Јанис запиша дабл дабл учинок од 15 поени и 13 скока.

Американците за два дена ќе се соочат со репрезентацијата на Бразил во битката за пласман во четвртфиналето, Грција ќе ги одмери силите со Чешка.

- Оглас -

Најнови вести