Вардарци и Мхитаријан ја победија БиХ (Видео)

Хенрик Мхитаријан блескаше во дресот на Ерменија со два гола и една асистенција, а со него најзаслужни за победата против Босна и Херцеговина од 4:2 беа поранешните вардарови играчи Хамбарѕумјан и Барсегјан.

Популарниот Хоф постигна еден гол и имаше една асистенција, додека Тигран Барсегјан со прекрасно додавање му помогна на Мхитаријан да го отвори резултатот. Ерменија поведе во третата минута, а потоа Един Џеко израмни во 13. минута.

https://www.dailymotion.com/video/x7kknfz

Потоа на сцена стапи Хамбарѕумјан со одлично додавање до Михтаријан во 66. минута, а Ерменија повторно поведе. Гојак израмни на 2:2, само 240 секунди подоцна по прецизното додавања на Сеад Колашинац.

Третиот гол беше дело на Хамбарѕумјан во 77. минута, откако бекот на Ерменија беше одлично проигран од играчот на мечот Хенрик Мхитаријан. За печат на вредниот триумф на домаќините во Ереван се погрижи Лончар со автогол, а и таа акција беше дело на Барсегјан.

Ерменија по шест меча во Ј групата има 9 бодови на третото место зад Италија и Финска, кои денеска ќе играат во Тампере од 20.45 часот.

- Оглас -

Најнови вести