Ако верувате во новиот Вардар, може и фино да заработите

Доколку денеска се обложите дека актуелниот европски владетел Вардар ќе триумфира на гостувањето кај европскиот првак од 2018 година, Монпелје, ќе добиете трипати повеќе пари од уплатата. Квотата за победа на вардарци во обложувалниците Sport Life е 3.00, додека на Французите е 1.55.

„Црвено-црните“ попладнево од 17.15 часот (пренос на МТВ) тргнуваат во одбрана на титулата, и тоа со реновиран состав и нов тренер, додуша повторно Шпанец, како и претходните двајца. Нема да настапат Стоилов и Де Толедо, но и домашните имаат проблеми со повредени играчи, па и тие нема да бидат комплетни.

Традицијата го фаворизира Вардар. Македонскиот првак доби пет од седумте меѓусебни дуели со Монпелје, еднаш беше нерешено, а само еднаш славеа Французите. Во минатата сезона, вардарци двапати го победија овој ривал.

Монпелје лани не ја мина групната фаза и сега сакаат да се извадат за киксот. Но, сега во Вардар нема деветмина поединци од шампионскиот тим, го нема и тренерот Парондо на чие место седна Давид Писонеро. Кога си европски првак, сите сакаат да ти го земат скалпот, Вардар е тука да ги спречи во тоа. Вардар повторно има силен и искусен тим кој е способен да стигне далеку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести