Елмас се запозна со Лигата на шампионите

Елиф Елмас доби шанса да дебитира во Лигата на шампионите и влезе во игра во 75-тата минута за Наполи на дербито со Ливерпул.

Најмладиот македонски репрезентативец е 15-тиот наш играч што бил дел од луксузната лига, а влезе во игра при резултат 0:0. Моментно Наполи води со 1:0 со голот на Мертенс од пенал.

Летово за рекорден македонски трансфер тежок околу 19 милиони евра, Елмас се пресели во Наполи од редовите на Фенербахче.

Македонија има тројца освојувачи на Лигата на шампионите, или Купот на европските шампиони, а меѓу лауреатите се Дарко Панчев и Илија Најдоски со Црвена ѕвезда во Бари во 1991 година и Горан Пандев со Интер во 2010 година на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести