Партизан игра против АЗ Алкмар во првото коло од Лигата на Европа, а стадионот во Белград е исполнет иако српскиот тим одлежува казна од УЕФА и треба да игра пред празни трибини. За да не биде целосно празен стадионот, УЕФА дозволи на трибините да бидат деца до 14 години.
Партизан многу добро знаеше да го искористи ова, па успеа да организира на трибините да се најдат дури 22.000 деца кои ги бодрат црно-белите во дуелот со холандскиот ривал.
Повеќе од 200 автобуси од цела Србија, но и од Македонија и дел од околните земји пристигнаа во Белград со дечиња кои се до 14-годишна возраст и сите со една цел, да го бодрат Партизан на дуелот со АЗ Алкмар.
По првите 15-тина минути, Партизан сепак не ја користи поддршката од трибините и губи со 0:1.
— FK Partizan (@FKPartizanBG) September 19, 2019