Елиф Елмас се враќа во почетниот состав на Наполи и ќе биде стартер на утрешното првенствено гостување кај Лече.
Итлијанските медиуми не штедат зборови на пофалби за македонскиот интернационалец, и за фудбалерот кој во вторник ќе наполни 20 години, велат дека игра зрело како да има 20-годишно играчко искуство.
„Карактер, техника, дриблинг, брзина, читање на играта, елеганција. Елмас покажа дека довербата која ја имаа во него е оправдана“ – пишува во Кориере дело спорт.
За Елмас, Наполи летово плати обештетување од 16 милиони евра, а сосе платите, за пет години ќе потрошат 28 милиони за него, што не е многу со оглед на тоа што добија од екс фудбалерот на Фенербахче. И фановите веднаш го засакаа.
Новина за Елиф е што тој реши да се пресели од Посилипо во Поцуоли. Во гратчето Полуцуоли кое е речиси споено со Неапол, тој ќе живее со своите родители. Тоа место е познато по вулканските кратери, и му одговара со фудбалскиот карактер.