Рамзи и Роналдо ги донесоа бодовите за Јуве против Верона (видео)

Јувентус по ремито без голови со Фиорентина се врати на победнички патеки. Италијанскиот првак до нови три бода стигна по триумфот од 2-1 против Верона во мечот од четвртото коло во Серија А.

Избраниците на Маурисио Сари беа изненадени од пристапот на гостите, кои во воведниот дел од средбата храбро му се закануваа на искусниот Буфон. Верона по дваесетина минути игра ја отвори средбата со мајсторскиот погодок од далечина на капитенот Велосо, откако претходно гостите испуштија прилика да поведат од белата точка. Водството не го задржаа повеќе од 10 минути, бидејќи Рамзи во својот дебитански настап за Јувентус го постигна и првенецот за новиот клуб, а конечни 2-1 ги постави Роналдо во вториот дел со неговиот прецизен удар од пенал.

Во завршните минути неколку одлични интервенции на Буфон спречија втор гол на Верона, па ветеранот е меѓу најзаслужните што италијанаскиот шампион го освои цел плен од овој меч.

https://twitter.com/UGoalstv3/status/1175456667095437312

- Оглас -

Најнови вести