Снимка од соблекувалната на фудбалскиот клуб Врбањуша од Босна и Херцеговина ја покажа целата убавина на нисколигашкиот фудбал. Алија Брацо Хаџиосмановиќ, кој е задолжен за сè во клубот, пред локалното дерби со Вратник на еден од играчите му порача дека ќе игра само ако престане да се дрогира.
„Престана ли да се дрогираш? Ќе играш само ако си престанал со дрогирање. Дојди тука и направи пет склекови“, рече тренерот Брацо, по што од фудбалерот бараше да даде заклетва дека веќе нема да се дрогира и ќе му се посвети на спортот.
ФК Врбањуша игра во лигата на кантонот Сараево, која е најнизок ранг на натпреварување во БиХ. Инаку, фудбалерот кој се вика Роберт, не е наркоман, и главната цел било да се крне атмосферата во тимот пред мечот кој заврши 0-0. Како и да е, клипот стана хит во регионот. Погледнете го: