Американката Меган Рапино беше предводник на репрезентацијата на САД до светската титула, па заслужено ја доби и наградата за најдобра фудбалерка во изборот на ФИФА. Со наградата во раце, Меган позираше заедно со Лионел Меси, кој беше прогласен за најдобар кај мажите.
Токму изборот на Меси за најдобар пред Вирџил ван Дајк предизвика дилема за тоа дали Аргентинецот заслужено ја доби наградата. Дури и Рапино вели дека е разочарана што покрај неa не бил Ван Дајк со трофејот.
„Вирџил требаше да ја освои наградата кај мажите. Тој е многу фин“, рече Рапино по гала-свеченоста синоќа во Милано.