На Кике му се погоди Свонси за сефте победи со Ватфорд

Кике Санчес Флорес некако го преживеа бродоломот на Ватфорд против Манчестер сити и поразот од 0:8 во неговиот прв меч при камбекот во клубот, а веќе ја забележа и првата победа.

И повторно среќен за Шпанецот беше тимот од Велс, Свонси, кој беше надигран и победен со 2:1 вчера во меч од Карабао купот.

Велбек и Периера беа стрелци за триумф на Премиерлигашот, а Кике почна идентично, со победа против Свонси и кога за првпат беше именуван за кормилар на Ватфорд.

И тогаш му се погоди во септември да ја забележи првата победа како тренер на Ватфорд токму против Свонси, а мечот се играше во 2015 година, и тоа во Премиер лигата. Домаќините славеа со 1:0 со голот на Нигериецот Одион Игало.

Ватфорд продолжи во најсилната лига на Англија, а Свонси сега е член на Шампионат лигата и остана таличен за Кике Санчес Флорес.

- Оглас -

Најнови вести