Казорла диригира, Екамби погодува, Вилјареал победува

Санти Казорла повторно беше расположен за игра, диригираше на „Де Ла Керамика“, а Вилјареал забележа вредна победа од 5:1 против Бетис.

Расположен во нападот беше и двојниот стрелец Екамби, доволно за три бода на домаќините. Вилјареал поведе со голот на Екамби во 39. минута, но веднаш на почетокот на почетокот на второто полувреме гостите израмнија со голот на Емерсон.

Се разигра и Џерард Морено кај Вилјареал, имаше две асистенции, имаше асистенција и гол, а се редеа погодоците на Казорла од пенал, потоа и вториот на Екамби и па еден на Морено и последниот за Чукуезе, за убедлив триумф на „Жолтата подморница“.

Вилјареал се искачи на петтата позиција со 11 бода, а Бетис остана на осум по седум одиграни натпревари во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести