Шампионска недела на Баерн Минхен

Во Баерн Минхен по убаво ќе ја паметат првата недела од октомври, со успеси во двете луксузни европски клупски натпреварувања.

По феноменалниот настап на фудбалерите во Лондон и победата од 7:2 против Тотенхем во меч од Лигата на шампионите, вечерва и кошаркарите забележаа успех во стартното коло од Евролигата.

Баерн го победи Армани Милано со 78:64 во меч што сепак го одбележа камбекот на Луис Скола на европските терени. Ветеранот од Аргентина одигра одличен меч за гостите, постигна 17 поени со шест скокови, но и неговата добра партија не беше доволна за триумф на гостите.

Предводени од балканското дуо Лучиќ и Џедовиќ, Баерн убедливо славеше. Лучиќ постигна 18 поени, најмногу на мечот, а Џедовиќ им уфрли 16-ка на гостите од Милано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести