Ја зеде топката, фрли и освои милион (Видео)

Навивач на рускиот кошаркарски тим Химки е побогат за еден милиони рубљи (околу 14.000 евра) и тоа само за неколку секунди. На полувреме од дуелот од Евролигата против Макаби, среќниот навивач беше избран да шутира од половина терен.

Условот беше да нема загревање, ниту пробен шут, но тоа не беше проблем за навивачот. Тој едноставно ја зеде топката се затрча и шутна, а успеа да погоди „без коски“.

„Уште не сум свесен што се случи. Шокиран сум. Уште не знам како ќе ги потрошам парите“, рече среќниот навивач, кој на крајот имаше двојна причина за задоволство бидејќи и Химки славеше против Макаби со 89:83.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести